Зошто токму јајцето е симбол на Велигден: Многу христијани не го знаат ова

Задолжителен дел од велигденските традиции се јајцата. Пред Велигден, познато е дека јајцата се бојосуваат и украсуваат.

Но, дали некогаш сте се запрашале зошто токму јајцето е симбол на најголемиот христијански празник?

Целата приказна всушност може да се сведе на нов живот и верувањето дека Исус со воскресението започнал вечен живот.

Имено, јајцата отсекогаш симболизирале нов живот, раѓање, плодност, изобилие и пролет, а старите Египќани, Персијци, Грци и Римјани меѓусебно си дарувале јајца како симбол на новиот живот што пристигнува по зимата.

Таа симболика на повторно раѓање одлично се вклопила и во празникот со кој христијаните го слават Исусовото воскреснување, односно новиот живот.

Инаку, секоја боја за јајца има некакво значење, па така црвената е симбол за Христовата крв, сината – за вистината, зелената – за плодност…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.