Наспроти ООУ „Кочо Рацин“, веднаш до продажниот салон на „Електро Опрема“, во Прилеп веќе неколку месеци успешно функционира Brainy Bee – дневен и едукативен центар кој голем број родители го препознаа како најдоброто место за нивните најмали.
Од септември минатата година до денес, Brainy Bee изгради репутација на безбедна, топла и стимулативна средина, каде децата од прво до петто одделение учат, се развиваат и растат со насмевка. Центарот моментално врши упис на нови дечиња за второто полугодие, а интересот од родителите е сè поголем.
Brainy Bee го водат млади, едуцирани и посветени педагози, кои со огромна љубов, трпение и ентузијазам му пристапуваат на секое дете индивидуално. Нивната мисија е јасна – децата да се чувствуваат како дома, прифатени, охрабрени и мотивирани да го дадат најдоброто од себе.
Што го прави Brainy Bee поинаков?
✔️ Топла и пријатна атмосфера во која децата учат без притисок
✔️ Стручна помош за домашни задачи – без стрес и нервози
✔️ Подготовка за тестови и подобро разбирање на наставниот материјал
✔️ Развивање на фина моторика, логичко размислување и говорни вештини
✔️ Креативни работилници, игра, дружење и тимска работа
✔️ Поттикнување социјални и емоционални вештини
✔️ Нови пријателства, убави спомени и здрав интелектуален развој
Во рамки на дневниот престој, цената вклучува и редовен, вкусен и здрав оброк, како и превоз за учениците, што дополнително им ја олеснува секојдневната организација на родителите.
Работно време:
07:00 – 17:00 часот
(со можност за полудневен или целодневен престој)
Brainy Bee не е само центар за учење – тоа е заедница во која децата растат сигурни, радосни и подготвени за нови предизвици.
Информации и контакт на тел.бр. 075 639 635
Бројот на места е ограничен!
Brainy Bee – безгрижни родители, среќни деца!



























