Сите светски лидери присуствуваат на 73-то Генерално Собрание на ОН во Њујорк, освен двајца. Еден од нив е рускиот претседател Владимир Владимирович Путин.
Русија не е претставувана ниту од премиерот. Освен Русија и Кина одлучи да не го испрати првиот човек на ова Собрание.
Од Москва велат дека уште на 24 август портпаролот на Путин, Димитриј Песков, соопштил дека претседателот не планира да патува во Њујорк. Тој одлучил на овогодишното заседание да оди министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој има огромно искуство, а своевремено бил и претставник на својата земја во Советот за безбедност на ОН.
Веќе трета година со ред Путин апстинира од учеството на заседанието на Генералното собрание. Последен пат присуствувал во 2015 година на јубилејното 70-то заседание, што било признание на меѓународната организација во чиј состав бил и СССР кој како држава во меѓународните организации е наследен од Русија.