Лекарите предупредуваат дека не треба да се јаде после 19 часот и објаснуваат зошто касната вечера може да биде опасна по здравјето.
Кардиолозите советуваат дека возрасните луѓе не би требало да јадат после 19 часот или барем 2 часа пред спиење.
Резултатите на спроведеното истражување на 720 луѓе со просечна старост од 53 години кои имаат проблеми со крвен притисок, покажале дека оние кои јаделе 2 часа пред спиење притисокот им останал висок.
Специјалистите сметаат дека причина за тоа е што храната доведува до зголемување на стресот во моментот кога телото треба да почне да се опушта.
Луѓето кои имаат проблеми со крвен притисок се повеќе изложени на срцеви заболувања, а доколку притисокот не им се намали во текот на ноќта ризикот се зголемува. Оние кои имаат навика да јадат касно во ноќта, изложени се три пати повеќе на ризик.
Касните оброци го зголемуваат притисокот кој би требало да се спушти за 10% во текот на ноќта.