Зошто не треба да пиеме кафе веднаш штом се разбудиме?

Ако и ова утро се разбудивте и прво на што помисливте беше филџанот кафе, тогаш еве каде грешите.

kafe-2

Додека спиеме, губиме доста течности, а воопшто не ги внесуваме. Затоа често сме жедни во текот на ноќта или веднаш штом ќе се разбудиме.

Замислете што се случува кога на речиси дехидрираното тело ќе му додадете кафе, што е диуретик – не само што ќе ги „исцедите“ од себе си и оние малку течности што ви останале, туку ќе го забавите и метаболизмот, што воопшто не ви оди во прилог ако сте на диета.

За да избегнете се што лошо влијае на здравјето, најдобро би било наутро да испиете чаша вода, да појадувате, а дури потоа да се напиете кафе.

Ако баш не можете да појадувате, тогаш задолжително испијте прво една голема чаша вода и 30 минути подоцна напијте се кафе!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.