Koлку убаво и колку надежно звучеа безбројните пресконференции на актуелната владеачка гарнитура во предизборието во 2016 година, а колку далечно изгледаат истите сега, зборува и ова видео со ветувања за подобрување на животот на младите луѓе во државата.
Каде се сега 10.000 евра неповратни пари – помош од државата, за младите луѓе кои имаат добра бизнис идеја?
Каде се сега старт-ап центрите за младите кои се ветуваа?
Каде е студентскиот град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студентски домови?
Каде се сите ветувања за подобар живот на младите, кои се повеќе и повеќе го фаќаат патот за надвор од државата?