Зошто луѓето повеќе не купуваат станови и автомобили ?

preview-6771310-650x341-98-1474459374

Во последно време, традиционалната смисла на успехот, да се поседува автомобил и стан, го изгуби своето значење. Огромен број на млади луѓе во светот, не сакаат да купуваат.

Истражувањата покажуваат дека младата генерација со околу 30-35 години, ретко купуваат куќи а уште поретко автомобили. Всушност, тие воопшто не купуваат скапи предмети или објекти.  Во САД, луѓето под 35 години се наречени ” генерација на кираџии”.

Но зошто ова се случува ?

Според некои социолози, тоа е така бидеќи младите луѓе се погодени од финансиска криза.

Но тоа не е главната причина, туку младата генерација денес се разликува од генерацијата на нивните родители. Тие имаат други вредности.

Младите луѓе денес различно ја разбираат смислата на успехот, или :

  • Успешните луѓе не купуваат недвижнини- тие ги земаат под наем
  • Ако сакаш да бидеш успешен, инвестирај во себе : патувај, прави екстремни работи, создавај визија.

Луѓето денес не сакаат просперитет и стабилност туку флексибилност во одлучувањето и финансиска слобода.

Концептот на сопственоста, не е повеќе релевантен. Џејмс Хамблин, колумнист, тврди: ” Во последните 10 години, психолози вршеле многу истражувања и докажале дека трошењето пари на нови искуства е поисплатливо од купувањето на нови предмети. Носи повеќе радост “.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.