Зоран Илиоски: “Сум дал изјава дека ќе го почитуван Уставот и немам намера да гласам за промена на уставното име”

(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски)

“Како народен претставник непосредно избран да ги застапува граѓаните во Собранието, сум дал свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.

Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата Татковина – Република Македонија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.