ЗНАМ Прилеп: Развој на градот преку средување на урбанистичките планови, обуки за вработените во локалната самоуправа и анкети при секој поголем проект

Продолжува предизборната кампања на партиите за престојните локални избори во Прилеп. Од политичката партија ЗНАМ за наша Македонија, денеска излегоа со три ветувања чие исполнување ќе биде од огромно значење како за граѓаните, така и за општинската администрација, олеснување на работата на вработените во локалната самоуправа, како и вклучување на јавноста во трошењето на народните пари при секој голем проект.

Од ЗНАМ Прилеп во програмата предвидуваат:

-Организиран и функционален развој на градот преку ажурирање на урбанистичките планови и подобрување на инфраструктурата,

-Континуирани обуки за вработените во Општина Прилеп за зголемување на нивната ефикасност и подготвеност за нови технологии,

-Активно вклучување на граѓаните преку јавни анкети и дискусии пред секој поголем проект




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.