Движењето “ЗНАМ за наша Македонија” на престојните локални избори ќе настапи со свои листи на кандидати за советници, а кандидатска листа партијата има и во Прилеп, каде очекуваат голема поддршка.
Синоќа кандидатите за советници, предводени од носителката на советничката листа Мирјана Стеваноска, за актуелните проблеми и предлози за подобрување на условите во Прилеп разговараа со жители од Месната заедница “ЦЕНТАР”.
Oд ЗНАМ Прилеп велат ваквите средби се значаен чекор кон заедничко изнаоѓање на практични и одржливи решенија и се заблагодарија на присутните, кои се вклучија со свои идеи и предлози.