Хрватската ракометна федерација го објави кодексот на однесување на навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.
Нивното известување вели: „За безбедност и пријатно искуство на сите посетители, ве молиме придржувајте се до следниве правила за внесување знамиња во салата“.
1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)
2. Забрането:
-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.
-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.
3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.
Објавено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.
Листата на предмети забранети за внесување во салите за време на натпреварите може да ја најдете ТУКА.
Деталите за внесувањето на знамињата може да ги прочитате ТУКА.