Знаете ли што ќе се случи доколку престанете да пиете кафе?

Кофеинот го има во кафето, но и во многу други газирани пијалоци. Но, што ќе се случи ако престанеме да го конзумираме?

Кофеинот, кој е најчесто користениот стимуланс има свои добри страни како што се подобро паметење и поголема будност и свесност, но од друга страна пак многу луѓе истакнуваат дека нивниот живот се променил на подобро кога се откажале од кофеинот.

Во нашето тело се случуваат многу промени. Ќе бидете уморни (но само некое време).

Подгответе се на тоа дека првите 7-10 дена ќе се чувствувате лошо и постојано уморно како последица од намалувањето на кофеинот во организмот. Можете да чувствувате замор, главоболка и силни промени во расположението. Поради тоа би било добро на луѓето околу себе да им кажете дека се одвикнувате од кофеин за да можат да имаат поголемо разбирање за вас.

Ќе ослабете

Често не сме ни свесни колку калории внесуваме пиејќи пијалоци кои содржат кофеин. Не е проблем кофеинот туку количеството шеќер кој е додаден во пијалоците кои го содржат овој стимуланс.

Ќе имате повеќе енергија

Спиењето ќе ви се промени и ќе имате повеќе енергија во текот на денот. Ќе бидете и посмирени. Кофеинот е стимуланс кој го поттикнува нервниот систем, кој нè прави нервозни и подложни на стрес. Покрај тоа, тој го покачува крвниот притисок.

Метаболизмот ќе биде подобар

Кафето е нешто што многу влијае на нашиот метаболизам. Одвикнувањето од кафето гарантира подобро варење и подобар метаболизам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.