Знаете ли чии родители се ова? Македонскиот шоумен објави фотографија од свадбата на неговите родители

Нашиот актер и шоумен, Игор Џамбазов, веќе извесен период е доста активен на социјалната мрежа Инстаграм каде не ретко објавува фотографии од своето секојдневие, но и такви од минатото.

Во низата ретро фотографии кои постојано осамнуваат на неговиот профил се најде и таква од свадбата на неговите родители, композиторот и диригент Александар Џамбазов и неговата мајка, бардот на нашето глумиште – Анче Џамбазова.

Повеќето од неговите следбеници искажаа почит за племенитите уметници, а на Игор му порачаа дека е „плукнат“ на татка си Александар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.