Знаете ли дека во четот на Фејсбук има скриена игра?

Покрај сите слики, разговори, објави и вирални предизвици, Фејсбук крие и други изненадувања. Едно за кое се дозна неодамна е шахот во прозорецот за разговор за кој малкумина знаат дека постои.

 

sah-na-fb

Компанијата, впрочем, никаде не открива дека постои можноста за играње шах во рамки на социјалната мрежа. Таа е дури и тешка да се пронајде доколку не знаете точно што барате. Тоа е така бидејќи играта се активира само со внесување специјален код во прозорецот за разговор – @fbchess play.

Потоа ќе се појави шаховска табла и секој од учесниците во разговорот добива сет фигури, а потоа е време за игра. Фигурите се поместуваат со пишани команди кои им се познати на оние кои се експерти во шахот.

За да поместите фигура секогаш мора да напишете @fbchess, а потоа додавате ознака на полето на која сакате да ја ставите фигурата. На пример, доколку сакате да поместите пион, внесувате @fbchess Ph3. Потоа следува другиот играч.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.