Од лажен профил на име на Игор Џамбазов, непознато лице божем собира донации за болно дете. На „Фејсбук“ измамата ја откри актерката Весна Петрушевска – Бејби, која апелираше да не им се верува на ваквите пораки.
– Овој профил на Игор е лажен и се злоупотреба, ве молам не уплаќајте, не верувајте. Игор има официјална страница и одамна не е активен на „Фејсбук“. Мене ми стигна ова вчера во инбокс и навистина е згрозувачки и мизерно, да собираш пари од лажен профил, дрско да дадеш сметка и да манипулираш со болест на дете! – пишува актерката.
Повеќето останаа згрозени од измамата и бараат брзо пронаоѓање на измамникот, кој мора да се соочи со соодветните мерки.