Kaнадската истражувачка комапнија “Меdgold risorsis”, вели дека во јужна Србија, на самата граница со Бугарија и Македонија, во рамките на проектот “Tlamino”, пронашле прелиминарни резерви од околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци, односно близу 19,3 тони злато, кое вреди нешто повеќе од милијарда долари.
Истовремено, и канадската геолошка компанија “Теdijan” соопшти дека е постигнат договор за купување на српската геолошка компанија EFPP, која ги поседува правата за истражување на локалитетите Кижевак и Саставци, во околината на Рашка – пренесува “Novosti.rs”.
Според истражувањето на канадската компанија, количината на злато на тромеѓето помеѓу трите држави во просек изнесува околу 3 грама на тон, што се смета за профитабилна количина.
Прелиминарните студии за изводливост, како и дополнителни металуршки студии ќе ги изработуваат компании од Велика Британија, бидејќи постојат сериозни индикации дека на тоа место постои далеку поголемо количество од тој скапоцен метал.