Првата скајранинг лига во Македонија, составена од 5 трки во 3 дисциплини донесе одлични трки, борба и неизвесност.
Во секоја трка секоја позиција беше бодувана согласно системот на бодување на Светската скајранинг федерација, а прилепчаните Златко Карчески со 280 бодови кај мажите и Елена Каранфилоска со 300 бодови кај жените, се првите национални шампиони на лигата.
За тие кои не знаат, Skyrunning е форма на планинско трчање што се одвива на ниски, средни и високи, планински терени. Се карактеризира со стрмни падини и предизвикувачки патеки кои често бараат од тркачите да ги користат рацете за да се тркаат преку камења и други пречки. Skyrunners мора да бидат физички подготвени и ментално тешки, бидејќи спортот бара високо ниво на издржливост и способност за движење на тежок терен.
За да учествуваат во skyrunning, тркачите мора да бидат во добра физичка кондиција и да имаат искуство со трчање на планински терен. Исто така, препорачливо е да тренирате специјално за skyrunning, со вклучување на тренинзи на рид, тренинзи за сила и трчање по патека во тренингот за да се изгради сила и издржливост.
Скајранинг комисијата се погрижи за најдобрите пет пласирани во машка и женска конкуренција преку @fpsmakedonija и @sportlabmk да обезбеди соодветни награди.
Шампиони по дисциплини за 2025год се:
Класик скајранинг
1.Дејан Ангелoски
1.Елена Каранфилоска
Ултра скајранинг
1.Александар Стојкоски
1.Вера Урдаревска
Вертикален Километар
1.Златко Карчески
1.Елена Каранфилоска
Првата сезона ја одбележаа вкупно 510 натпреварувачи во машка и женска конкуренција на 5 трки.
Честитки за нашите прилепчани и желби за успех на домашно и меѓународно ниво и во иднина!