Златески: “Прилеп е град на xaocoт, нacилcтвoтo, гpaбeжoт, а МВР не превзема ништо?” (Видео)

Колку и да манипулираат од СДСМ дека во Прилеп цвета животот и дека се’ е така розово, состојбата во градот е многу поразлична. Откако тие ја презедоа власта и на централно и на локално ниво, Прилеп се претвори во најнебезбеден град во државата. Секојдневно сме сведоци на филмски грабежи, демолирани возила, тепачки и разни други инциденти и криминални појави, изјави на прес конференција Никола Златески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп кој додаде:

„Не е ВМРО-ДПМНЕ партија која внесува несигурност и страв кај граѓаните, туку самите прилепчани се сведоци за тоа дека нивниот град наликува на средина од вестерн филмовите. Граѓаните се плашат за својата безбедност и чувствуваат страв да се движат низ градот. Грабежи се случуваат и среде бел ден, а пример за тоа беа вооружениот грабеж на златара во Старата прилепска чаршија и филмскиот грабеж на дуќан во новата катна гаража. Статистиките кои вчера на прес конференција ги пласираа од СДСМ се само бројки кои немаат допирна точка со реалноста.“

-Она што загрижува е нервозата на власта во пресрет на претседателските избори, па зачестуваат и предизборните инциденти насочени кон поранешни и сегашни функционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Минатиот месец во центарот на градот, демолиран беше автомобилот на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, а пред два дена и автомобилот на советникот Гоце Стефаноски. Вакво сеење на страв и омраза кон политички неистомисленици е карактеристично за најголемите диктаторски режими во историјата. Овие методи на практикување на власта се црно минато на светскиот поредок, а во Прилеп за жал се сегашност и секојдневие, подвлече Златески и заклучи:

„На ваков начин не се гради едно општество за сите и не се следат модерните европски и демократски вредности, кон кои се стремиме како држава. Од власта се свесни дека ја загубија поддршката од граѓаните и дека доаѓа казната за сите предавства на сопствениот народ и држава, како и за невидениот досега непотизам и лажни ветувања. Првиот силен удар за оваа одродена и аздисана власт следува на претседателските избори закажани за 21 април, а веднаш потоа и на 5 мај. Правдата и правото мора да дојдат во Македонија, а хунтата на власт да се смести на црната страна од политичката историја.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.