Македонското девојче не престанува да реди успеси: Златен медал за битолчанката Марија Димовска на Светскиот куп во Италија (ВИДЕО)

Марија Димовска се преплати на златни медали од големите натпреварувања, денес го освои првото место на Италијански Светски кик бокс куп во Лидо Диесоло, Италија.

Димовска во финалето славеше над Хрватката Магдалена Токиќ 3-0.

Андреа Георгиевска се закити со бронза откако во полуфиналето загуби 0-3 од Магдалена Токиќ.

За златен медла ќе се бори и Данило Методиевски со Матија Радовиќ од Црна Гора.

На Светскиот куп учествуваат 1987 натпреварувачи во 3117 влезови од 387 клубови од 46 земји од светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.