Зимскиот распуст за учениците оваа година ќе биде пократок

Зимскиот распуст за учениците во основните и средните училишта оваа година ќе биде пократок за четири дена, објави „Вест“.

123

Училиштата во државата оваа година ќе го почнат зимскиот распуст еден ден подоцна во однос на лани, а второто полугодие ќе започне три дена порано. Ова затоа што во текот на годината има многу празници кои се паѓаат во работни денови. А, учебната година, согласно законите за основно и за средно образование, мора да трае 180 работни денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.