Зидан повторно во игра за менаџерската палка во Јувентус: Имал несогласувања со претседателот на Реал Мадрид

Француски медиуми наголемо зборуваат дека Јувентус се враќа во игра да го обезбеди Зинедин Зидан на својата клупа за следната сезона.

Ова не е прв пат Зидан да се поврзува со менаџерската позиција во редовите на “старата дама”.

Според “Le10sport.com”, Јувентус ги препознал гласините дека популарниот Зизу не се согласува со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, па тоа би било причината за негово преземање на позицијата на Маурицио Сари.

Зидан освои три последователни титули со Реал во Лигата на шампиони и го напушти клубот во 2018 година, но во март 2019 одново ја презеде менаџерската палка.

Тој потпиша договор до јуни 2022 година, но се повеќе се шират гласини дека Зидан не се согласува со стратегијата на клубот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.