Земјотpec почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 15 минути регистрирше земјотpec, чиј епицентар се наоѓа 115 km југозападно од Скопје во соседна Албанија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени,според Европската макросеизмичка скала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.