ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА МАРШОТ- субвенциите ни ги укинавте, но ДРЖАВАТА -НЕ”!!! Утре во 18 продолжуваме (ФОТО+ВИДЕО)

Вечерва во Прилеп се одржа најмасовен граѓански собир, откако прилепчани маршираат под мотото “За заедничка Македонија”.

BeFunky Collage

Целиот град беше на нозе, а протестот го предводеа земјоделците, кои на овој начин го изразија револтот кон СДСМ за блокирањето на исплатата на субвенциите со прифаќањето на “албанската платформа”

“Субвенциите ни ги укинавте, но државата НЕ”, порачаа земјоделците кои ги предводеа илјадниците прилепчани на маршот.

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

dav

Одново градот ечеше, одново илјадници гордо исправени и никогаш побројни прилепчани го кренаа својот глас и го изразија својот револт кон содржината во албанската платформа која ја прифати лидерот на СДСМ Зоран Заев.

dav

dav

dav

dav

Моќни пораки упатија одново лингвистите, а граѓаните на градот херој направија и прекрасно ѕвездено небо во име на татковината.

Не постоеше некој кој остана рамнодушен, не остана прилепчанец на кого не му се стопли срцето и исполни душата. Единството и единствената заедничка цел ги прави овие протести се побројни и побројни.

dav

dav

dav

dav

dav

dav

Прилепчани веќе утре, одново во 18 часот, пред споменикот “Прилепски Бранители” одново ќе маршираат за зачувување на унитарноста на државата и пред се’ за зачувување на државните симболи: знамето, јазикот, химната, грбот како и честа и достоинството на Македонецот.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.