Големо невреме денеска го погоди струмичкиот регион, селата Муртино, Моноспитово, Робово, Бориево и Еднокукино беа зафатени од пороен дожд и град, кој целосно го уништи родот на пиперката, но и ја уништи пченицата, која за една недела требаше да се жнее.
Земјоделците во очај коментираат дека невремето им зеде се. Буквално по слабиот откуп на доматот, краставицата, зелката и лубеницата, пиперот беше последна надеж за земјоделците од овој регион, сега велат дека се оставени на цедило, бидејќи се што имале е уништено. Надлежните не излегоа со став по невремето.
Земјоделците очекуваат оштета, но коментираат дека досега државата за ништо им нема исплатено, а потсетуваат и на земјоделците во Тиквешијата, каде за ланското невреме се обештетени една десетина од тоа што првично им беше најавувано.