Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците да го продолжат отпорот, велејќи: „Украинци! Во сите наши градови каде што непријателот нападна, тргнете во офанзива. Излезете на улиците. Мора да се бориме секогаш кога ќе имаме можност. ”
Во видео-обраќањето објавено на неговата официјална страница на Фејсбук, Зеленски порача дека Украинците „нема да ја дадат својата земја на непријателот“ и ја пофали верата на украинскиот народ.
Зеленски го поздрави отпорот и протестите на украинскиот народ.
„Секој метар од нашата украинска земја окупирана од протести е чекор напред, чекор кон победа“, рече тој.