Зеленски: “Бев подготвен да се борам до крај, доколку Русите упаднеа во бункерот”

Украинскиот претседател проговори за првите денови од вojната во државата – во интервју за ТВ 1+1 изјави дека носи пиштол со себе и дека бил подготвен да се бори крај во битката за Киев.

Во тоа време во градот имало неколку руски диверзантски групи кои се обиделе да се пробијат до улицата Банкова, каде што се наоѓа претседателската резиденција.

Во првите часови и денови од вojната, од главниот град на Украина дојдоа хаотични сцени од бркотници со автомобили, заседи и улични престрелки. Сето ова се одвиваше во сенка на фронтални конфликти во предградијата на Киев, Ирпин, Буча, Гостомел и Бороѓанка. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашното интервју за ТВ 1+1 зборуваше за првите денови од вojната, кога судбината на главниот град висеше на конец.

„Можам да пукам. Можете ли да го замислите насловот: „Русите го фатија украинскиот претседател“? Тоа би било срамно“, рече тој.

„Да успеевме да стигнеме до Банкова, сега немаше да разговараме со вас. Но, никој немаше да биде фатен, бидејќи ќе се боревме до крај. До последниот. На прашањето дали има пиштол со себе и дали вежбал гаѓање, Зеленски одговорил потврдно.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.