Продолжуваат заедничките активности на Здружението “Рома Перспектив” Прилеп и ООУ “Добре Јованоски” oд Прилеп. До сега заедно имаат организирано повеќе активности во делот на образованието и вклученоста на децата роми во образовниот процес, како и во делот на медијацијата со родителите на учениците, туторство на децата со понизок успех и зголемувањето на редовноста со цел да се подобри степенот на заинтересираност кај родителите и децата во областа на образованието. Еден од таквите чекори кои се преземаат беше и денешната активност насловена како: ОБРАЗОВАНИЕТО – МОЈА ИДНИНА, СПОРТОТ– МОЈ НАЧИН НА ЖИВОТ.
Главна тема на оваа активност беше: Презентација на законот за задолжително основно образование.
Здружението “Рома Перспектив” e eдно од најактивните здруженија во Прилеп кое се залага за подобрување на животот кај ромското население, како и за доближување на образованието кај младите роми, а ООУ “Добре Јованоски” како училиште каде се образуваат голем број деца роми, секогаш е активен партнер во спроведувањето на ваквите активности.
A.Г.