Пациенти загрижени за своето здравје од долненска општина, неколку дена реагираат на овој срамен проблем во 21 век.
Зачудувачки е како политичките субјекти во Прилеп никако не го потенцираат проблемот со парното греење во Здравствениот дом.
Местото каде што секојдневно своето здравје го контролираат пациенти од 3 општини е оставено на милост и немилост на времето.
Докторите, пацинтите и медицинските сестри се премрзнуваат во текот на целото работно време.
Неофицијално и половина од тоалетите не функционираат повеќе години, а тие што функционираат се извор на зараза?
Прилепчани се чудат како Владата има пари за 70 нови вработени во прилепската болница, под чија надлежност е Здравствениот дом, од кои дел и по етнички клуч, иако и претходно имаше превработеност од немедицински кадар. Сепак предизборно се одлучија уште повеќе да ја пренатрупаат институцијата.
Зачудува фактот што ни еден здравствен работник не реагира јавно, а за политичките партии и да не зборуваме.