Црногорската опозиција се повлече непосредно пред почетокот на седницата за изјаснување за доверба на владата на Црна Гора, иако претходно тврдеше дека ќе имаат доволно гласови за да ја урнат владата на премиерот Здравко Кривокапиќ.
Како причина за повлекувањето ја наведоа иницијативата на владејачкиот просрпски Демократски фронт, кој во саботата најави дека ќе поднесе иницијатива за скратување на мандатот на актуелниот состав на собранието за вонредни парламентарни избори да се одржат на пролет.
Демократскиот фронт е составен дел на сегашното владејачко мнозинство, но од почетокот се противат на експертската влада на Кривокапиќ, тврдејќи дека во неа треба да бидат политичари од тој политички сојуз, а неретко поддршката на владините предлози во парламентот го условуваат со позиционирање свои членови во телата на власта.
„Сметаме дека, без одложување, треба да се почнат разговори за формирање ново парламентарно мнозинство“, се наведува во заедничкото соопштение на опозицијата, која, како што наведуваат, е уверена дека со создавање ново парламентарно мнозинство ќе бидат создадени неопходните услови за пад на владата.
Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.