ЗВУЧИ НЕВЕРОЈАТНО: Во оваа држава минималната плата е 2.000 евра, а не треба да исполнувате некои посебни услови за да се вработите таму

Она што ги привлекува балканците во Луксембург е високата плата. Луксембург спаѓа во групата на држави со највисок животен стандард, во која живеат 30 % странци.

Меѓу нив голем број се од Балканот. Во почетокот балканците се занимавале главно со градежништво, но новите генерации ја напуштаат таа област и работат како архитекти, професори, лекари…

Во однос на другите држави околу Луксембург, како Германија, Франција, Белгија, каде минималната плата се движи од 1.200 до 1.300 евра, Луксембург е една од подобрите држави кога станува збор за платата и условите за вработување.

Според последните официјални податоци, минималната плата во Луксембург изнесува неверојатни 2.000 евра, а не постојат посебни закони со кои се ограничува правото на вработување на странските државјани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.