Збогум на дамките на облеката: Овие трикови се лесни, евтини и лесно ги отстрануваат дамките од вино и храна

Сигурно дека нема ништо полошо од дамки од вино или храна на вашата бела кошула. За работата да биде уште полоша, од тие дамки ќе се решите тешко дури и со најскапите производи. Што можете да направите при таква ситуација?

Ќе ви откриеме неколку едноставни трикови кои ќе ги исчистат дамките лесно и вашата облека ќе ја направат одново блескаво бела.

Ниту едно купено средство кое е полно со хемикалии не е толку ефикасно против дамките.

Сода бикарбона:

Натопете ја облеката во смеса од 4 литри вода и една шолја сода бикарбона, па за неколку минути ќе забележите дека природната боја се враќа на облеката.

Оцет и лимон

Ова е уште една феноменална мешавина за чистење на дамки од облеката – само помешајте сок од лимон и оцет со својот детергент и исперете ја облеката на вообичаен начин. Иако мирисот на оваа мешавина е малку посилен, брзо ќе ги отстрани дамките.

Аспирин

Здробете 6 аспирини и ставете ги во сад со вода, а потоа потопете ја облеката во смесата и оставете ја да стои 30 минути.

Исперете на вообичаен начин, на крајот дамките ќе исчезнат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.