Производната лента во погонот на „фолксваген Буба“ ќе биде исклучена кон крајот на оваа година. Со тоа официјално ќе се стави крај на производството на овој легендарен модел. Веста ја пренесе директорот на германскиот производител, Херберт Диес на Саемот за автомобили во Женева.
Иако се очекувало дека електрификацијата на автомобилите би можело да го спаси производството на овој модел, веќе е извесно дека „бубата“ нема повеќе да излегува од погоните на фабриката.
Потребно е да се направи нешто за емоциите кон старите модели, но не можеме да покриеме целата програма историски Volkswagen модели со електрични автомобили“, изјавил директорот Диес.
Првата „буба“ од производната хала на фолксваген излезе во далечната 1938 година, а продадени се повеќе од 20 милиони автомобили.