За PRILEP BEER WEEKEND променет возниот ред на јавниот градски превоз во Прилеп

-Поради најавениот Фестивал на пивото и скарата насловен како Prilep Beer Weekend, булеварот “Гоце Делчев ќе биде забранет за движење на сите возила.

Поради тоа автобусите на градскиот превоз, почнувајќи од четврток(08.08) до понеделник(12.08), ќе сообраќаат по НЕДЕЛНА (ВОНРЕДНА) ЛИНИЈА, почнувајќи од 6.30 часот од х.Салида, односно 6.30 часот, постојка Трло Варош, на секои 60 минути.

Последно тргнување на автобусите ќе биди во 15.30 часот од х.Салида односно Н.Гробишта – стои во соопштението од ЈП за ПУП Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.