За CДCM вчepaшните пpoтecти на poдителите биле целосно фиjacко

Според владеачката СДСМ тотално фијаско се случи вчера на протестите за кои таа тврди дека се дело на ВМРО-ДПМНЕ а се случија во неколку градови низ државата.

Од СДСМ не прифаќаат дека протестите се дело на автентична граѓанска иницијатива туку тврдат дека се политичка операција на ВМРО-ДПМНЕ.

“Со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи.

Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста.

Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски”, пишува во соопштението на СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција, се вели во ставот на владеачката партија со кој протестите на граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има”, се препишуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор СДСМ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.