За 50 години Земјата ќе биде “жешка топка”: Во овие држави нема да има услови за живот

До 2070 година, една петтина на планетата Земја би можела да ја достигне температурата која сега ја има пустината Сахара. Тоа би приморалo околу 3 милијарди луѓе да ги напуштат своите домови или да се обидат да преживеат на пеколни температури.

Овој податок е загрижувачки за опстанокот на човештвото, бидејќи земјоделското земјиште би било неупотребливо за одгледување на основните култури за исхрана на луѓето.

Предвидувањето на екстремните температури на нашата планета во следните 50 години се заснова на климатските промени, бидејќи емисијата на штeтни гacoви со ефект на стаклена градина е се поголема.

Оваа студија е објавена во зборникот на Националните академии за науки и укажува на фактот дека некои региони ќе станат целосно негостољубиви- особено околу Бразил, северна Африка и Индија.

Во меѓувреме, огромни делови на Русија, Канада и Арктикот постепено ќе развијат умерена клима.

Доколку против климатските промени не се бориме на меѓународно ниво, речиси половина од популацијата на Земјата ќе мора да пронајде нов дом во наредните децении.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.