Низ медиумите деновиве одново се прошири информацијата за пожар во стамбена зграда во Сребреница, кој се случи на 20.03.2017 година.
Пожарот тогаш опфати четири стана, а во еден од нив се случи вистинско чудо.
Од пожарот станот бил уништен, а на пеплосаниот ѕид недопрени останале иконите на Јован Крстител, Исус Христос, Богородица и други…
Изгореле гредите, таванот се срушил, изгорел целиот мебел како и целата покуќнина. Останале само пепел и прашина на сите страни, а недопрени од пожарот останале само иконите на ѕидот.
“Кога се вративме во станот, се беше во пепел, се околу нас беше црно, се изгорело освен иконите кои што останаа недопрени од пожарот. Како да немало воопшто и пожар во станот. Застанавме пред иконите се крстивме и единствено знаевме дека Бог не не напуштил и дека има надеж за нас”, раскажа toгаш Душан Савиќ (59) од Сребреница.