За Чешка нема ФИРОМ – на ракометниот меч сме Македонија

untitledoi89p89p89p89

Во најавата и во текот на ракометниот меч  Чешка – Македонија што се игра во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2018 година Чешката ракометна федерација го користи исклучиво името Македонија, јавува дописникот на МИА од Плзен.
И покрај тоа што Чесите во последните години во неколку наврати во директен дуел со Македонија загубија мечеви кои одлучуваа за пласман на светски и европски шампионати, домаќините се коректни во најавата за мечот.
Сите домашни медиуми, официјалниот спикер во  салата во Плзен каде што се игра мечот и во во рекламите за мечот никаде не се користи кратенката ФИРОМ туку се употребува исклучиво Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.