За удобни фотелји и нови коли министрите на Заев ќе ни потрошат неверојатни 7 милиони евра – за борба со загадувањето само 750.000 евра

Министрите нема да бидат скромни следната година. Трошењата за стоки и услуги се зголемени за 200 милиони евра и ќе стигнат до 750 милиони.

Капиталните расходи пак, се за три и пол пати повисоки.

Министерите ќе потрошат 3,7 милиони евра само на нови возила, а 3,3 милиони на нов мебел. 

Па така, додека министрите уживаат во новите фотељлји вредни 3,3 милиони евра, за „стратешкиот приоритет“ како што ја нарече Владата борбата со загадувањето, за две години одвоени се 1,5 милиони евра.

Останува прашањето, дали поважна е удобноста во кабинетите на министрите или пак здравјето на граѓаните.

За потсетување, мерните станици работат од време на време. Секојдневно некоја откажува, а оние кои се наоѓаат во местата каде што е најзагадено, со месеци не испраќаат податоци.

Извор:”Пресс24″




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.