За угледниот британскиот весник „Сан“ сме само Македонија (Фото)

Британскиот весник „Сан“, во текстот со наслов „Зошто православните христијани го слават Божиќ на 7 јануари?“, набројувајќи ги државите кои вчера го прославија Христовото рождество, ја набројува и Македонија без придавката Северна.

По промената на името на Република Македонија, медиумите кои важат за блиски до власта, не испуштаат можност да ја наречат државата со новото име. За разлика од нив британскиот етаблиран весник „Сан“, ја нарече држвата Македонија.

Убаво е да се чуе името кое ја има поддршката од мнозинството луѓе во оваа држава.

Текстот погледнете го на следниов линк.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.