Браќата Стефан и Мартин Филиповски од дуото „Некст тајм“ продолжуваат со музика да ја поздравуваат публиката, со порака сите да останеме дома.
Овојпат, заедно со композиторот Николче Мицевски повторно ја преработија „Нешто ќе те питам бабо“.
-Останете дома, од нас зависи, да го победиме што е можно побрзо коронавирусот. Додека не го победиме се надеваме дека на овој начин ќе ви го свртиме малку вниманието кон музиката и позитивните работи што овој свет ги поседува. Останете дома, порачаа момците од „Некст тајм“.