За три дена над 120.000 прегледи: “Тајфата” со нов одличен музички проект – “Девојче калешо” (ВИДЕО)

Најпознатата прилепска група “Тајфата” има нова песна и видео спот. Проектот е насловен како “Девојче калешо”, каде музиката и текстот се дело на вокалот на групата Владимир Богески, додека аражманот е заеднички сработен од Богески и Рубин Димкоски.

Едно прекрасно музичко дело, каде покрај членовите на групата, како пратечки вокал учество зеде Викторија Георгиоска, виолината ја свири Горјан Стојановски, гитарата Рубин Димкоски, а видео спотот е дело на “Фан продукција-Зоран Пилата”.

Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.