За тие кои пропуштија: Маестралниот концерт на Андријана Јаневска во дворот на црквата Св. Петка во Прилеп (ВИДЕО)

Македонската дива Андријана Јаневска, придружувана од изведбите на народни инструменти од Ратко и Драган Даутовски, минатата сабота приредија ноќ за паметење на платото пред црковниот храм Св. Петка во Прилеп.

Концертот кој имаше хуманитарен карактер и беше насловен како “Од векови за векови”, имаше донаторски карактер, а со цел доизградба на ова духовно светилиште.

Маестралните изведби на “Заветна”, “Ја излези Ѓурѓо”, “Кога падна на Пирина”…. и многу други, предизвикаа воздишки кај сите присутни.

Платото беше претесно да ги собере сите заинтересирани за концертот, па во прекрасните звуци се уживаше и од улицата пред црквата.

Граѓаните им честитаа за настанот на црковниот одбор на храмот, Протоереј Љупче Петрески и професорот Мендо Ташкоски, кои беа главни “виновници” за ова ретко музичко случување, и посакаа ваквите настани да продолжат и во иднина.

Секој кој е во можност доизградбата на храмот може да го помогне преку донација на следната трансакциска сметка:

Храм “Св. Петка”-Точила, Прилеп 500-000000887189

А за тие кои не можеа да присуствуваа , младиот Лука Кочоски и неговата КЛ Продукција го снимија целиот концерт. Уживајте во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.