Кога ќе ги прашате лекарите како да ви помине главоболката од пиењето вино, тие ќе ве советуваат дека најдобро е да престанете да пиете. Но постои уште една причина поради која се појавуваат главоболки , а таа не е поврзан а со претерување.
Научниците за главни кривци за главоболките ги сметаат танините, хистамините и шеќерите.
Танините се антиоксиданси кои се наоѓаат во грозјето и поради нив ни се суши устата на утро.
Уште еден фактор е шеќерот, а кога тој се меша со алкохол, потребна е голема количина вода за да го разгради. И доколку не сте хидрирани, можете слободно да очекувате главоболка.
Најдобар совет е да пиете полека и за време на вечерта на секоја чаша вино потребно е да испиете по една чаша вода.