За сите носталгичари од Скопје: Видео кое потсетува на едно убаво време

Eзерото Треска во близина на Скопје во 80-тите години.

Народ на сите страни, капачи, уживање под сенка, многу деца…. Видеото е од јули месец 1985 година и е вистински времеплов за сите носталгичари од тоа време.

Погледнете:

Во јули месец 2019 година, на владина седница беше донесена одлука дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево кое се наоѓа околу езерото да се пренамени во градежно, за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план во кој ќе ги вцрта маркички за хотелски комплекс и викенд населба.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за време на неговата изборна кампања ветуваше дека на скопјани ќе им го врати повторно езерото Треска и ќе биде изградена пречистителна станица за да биде водата чиста и безбедна за капење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.