Се раширил како ага булеверот „Маршал Тито“ со гранитна коцка да гази коњот и колата од Инзап, пиварницата, губрепараси и погребната кочија, да се возат велосипеди, па и ретките Фиќа.
Покрај него, жива ограда го одделува тротоарот од улицата. Меѓу двата реда раззеленета ограда, се извишиле и крошнесто се раскомотиле липите кои изгледаат прекрасно во урбаниот амбиент.
Ова е поранешното старо корзо каде се случиле многу искрени и чисти љубови. Место, каде секое друштво младите имало свое собиралиште, свое стебло, каде се “корзирало и стационирало”.
На сликава се зградите кои и денес виреат на тоа тло, а ѕирка и деветкатницата – ретка убавница за тоа време.
Се на сé, интересни времиња кои бидат емоции кај постарите.
Извор: “Неделник Зенит”