Факултетското студентско собрание на Економски факултет-Прилеп во соработка со Здружението “Епилепсија Македонија” oрганизираат хуманитарна акција.
“Почитувани сограѓани, пред нас се Новогодишните празници и секој од нас заслужува да ги дочека со своите најблиски, во топол амбиент и скромна трпеза со храна.
За таа цел традиционално и оваа година Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп во соработка со Здружение Епилепсија Македонија организира хуманитарна акција за собирање на храна и средства за лична хигиена.
Во периодот од 15-22 Декември секој од нас во зависност од можностите може да донира во маркетите коишто се наведени во овој пост, односно во поставените кошнички во маркетите кои ќе бидат обележани со нашите постери.
Сите кои што сакаат да помогнат на било кој начин може да не контактираат во Inbox или на емаил адресата: [email protected]
Сите собрани производи ќе бидат соодветно распределени и поделени на оние семејства на кои навистина им е најпотребно.
За таа цел го замолуваме секој од Вас којшто е во можност да ја поддржи оваа хуманитарна акција и заедно да направиме незаборавни среќни моменти.
МАРКЕТИ КОИ ЈА ПОДДРЖАА ОВАА АКЦИЈА:
БОНИТА НИНЕ, ЏИМИ МАРКЕТ, ШОПЕ МАРКЕТИ, СИМАРА ТРЕЈД, ПАТА МАРКЕТ, ФУТУРА, СТИБЕРА, ТОБАКО ДИСКОНТ, МОЕ ПАЗАРЧЕ, ГОНИТО МАРКЕТИ, КОШНИЦА, МЕШЕ МАРКЕТ, ПАНО МЕГА МАРКЕТ ФОРУМ МАРКЕТИ, АНГРОМАРКЕТИ-БИТОЛА
Огромна благодарност и до АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ за донацијата на пакети со нивни производи”, стои во соопштението.