Стопанственикот Борче Чупетрески на социјалната мрежа ФБ објави еден гест кој наиде на големо одобрување од граѓаните. Тој гратис ги светна трите автобуси на Јавниот градски превоз кои се под надлежност на ЈП за ПУП, а за тоа доби пофалби од голем број корисници на градскиот превоз.
“Еве што направив викендов јас гратис за Прилеп. Што ќе направите вие? Ова нека е ПРЕДИЗВИК”, напиша Чупетрески на својот Фејсбук профил.