Иако сеуште не е потврдена преку прес конференција, на социјалните мрежи се прошири флаерот со програмата за овогодинешното издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп, “Пивофест 2018”.
Според она што е најавено фестивалот ќе се одржи од 12-15 јули, а ќе настапуваат:
Во четврток: Слаткар, Ван Гог и Кирил Џајковски.
Во петок: Дарио, Бени и Нон Стоп, Црвена Јабука и Ромео Бланко.
Во сабота: Прилепски бенд, Некст Тајм, Даниела Мартиновиќ и Жељко Јоксимовиќ.
Во недела: Либеро Бенд, Куку Леле, Џенан Лончаревиќ и Шабан Шаулиќ.