Крикнала со молба до Бог. Се нарекува „Свето Преображение“. Храмот, кој на истоимениот ден, на 18 август го благословува плодот -грозјето.
Петкуполната црква, со икони од 19 век, била изградена под влијание на грчката пропаганда, со помош на еснафите на место подарено од свештеничка фамилија.
Фотографијава е сликана од кај споменикот на Пере Тошев.
Тука животареше парк со крошнести дрвја. Имаше и дрвен мост на раширеното корито на реката. И една голема топола, под која вредни раце на ковач, “тргаа” со чекан налчиња и потковици за метални чевли за добитокот.
Подоцна, местото се огради со бетонски ѕид. Стана детско катче за одмор на стари, кои ја следедат играта на внучињата по нишалките и другите детски реквизити.
Местото го стигна и времето на транзицијата кога се “распослаа” тезгињата на пазарот за текстил и дребулии.
Веќе никна бизнис центара и катна гаража.
Извор: “Неделник Зенит”