Прилеп има многу знаменитости со кои може да се гордее, една од тие знаменитости е Старата чаршија. Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била нарекувана “Прилепски пазар”, на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехрамбени производи.Старата чаршија го правела градот културен, историски и творечки центар.
Старата чаршија и денес зрачи со нејзиниот шарм и посебност и во себе ја носи истата убавина што ја имала низ вековите.
Градската “Саат кула” е вистински симбол на градот без кој не може да се замисли прилепската “Стара чаршија” и е сведок на се што се случувало тука.
Во продолжение погледнете видео снимено во 2003 година, кое во вистинско светло ја претставува “Старата чаршија”: